14:21 - 20 ноември, 2026

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

Популарната поп-пејачка Александра Радовиќ во својата шеста деценија секогаш воодушевува со својата беспрекорна фигура и младолик изглед. Иако низ годините ретко го менуваше својот препознатлив стил, таа искрено откри како успеала да се ослободи од 10 килограми вишок преку едноставни и одржливи навики:

„Имам избалансирана исхрана, внимавам на внесот на леб, брашно и тесто. Слатко сакам, но не јадам постојано, туку само кога навистина ќе посакам“, раскажа Александра.

Нејзиното дневен мени е едноставно, почеток на денот со житарици и јогурт, ручек базиран на пилешко и спанаќ, додека вечерта е резервирана за салата. Покрај исхраната, пејачката нагласува дека секојдневното вежбање е клучниот фактор за добар тонус и енергија:

„Секое утро одам на тренинг и тоа им го препорачувам на сите жени. За да губите на тежина, најважна е секојдневната физичка активност — брзо одење на лента, чучњеви, скокање со јаже и стомачни вежби.“

Освен за фитнес навиките, Александра има многу јасен и остар став кога станува збор за естетските корекции и трендот на совршенство на социјалните мрежи:

„Не сакам да изгледам како мојата ќерка. Не сакам да бидам пластична. Не е нормално жена на 50 години да нема ниту една брчка. Треба да се помириме со процесот на стареење и достоинствено да ги носиме годините“, порача музичката ѕвезда.

Слични објави

(Фото) Новак Ѓоковиќ се појавува во новиот филм за Фокерови – ја дели сцената со Роберт де Ниро и други холивудски ѕвезди

Т.Ц.

Попуст или непотребен трошок? Еден едноставен трик може да ви заштеди пари за Црн петок

К.С.

Сека Алексиќ за концертите во Загреб: „Дадов сè од себе, нормално е да пееш плејбек кога имаш сложена кореографија и 16 танчери“

Е.А.

Ела Дворник за високите стандарди во врските: „Навистина сум скапа жена, но барам емотивна зрелост и автентичност, а не пари“

Е.А.

(Фото+видео) Емотивен момент на свадбата на Јована Јеремиќ: се расплака пред гостите, а причината е трогателна

Еспресо

Кремасто задоволство со вишни и чоколадо — рецепт за торта без печење

К.С.
Се вчитува....