8.8 C
Скопје
16:45 - 27 март, 2026

Александра Пријовиќ открива: „Филип ѝ менува пелени на ќерката, многу ми помага околу обврските“

По минатогодишната бременост и уживањето во мајчинските денови, кога на свет дојде нејзината ќерка Арија, Александра Пријовиќ повторно застана пред својата публика – и тоа во голем стил.

Музичката ѕвезда за рекордно кратко време одржа три концерти, а кога ќе се сумира сè, во Бар, Загреб и Белград ја слушале повеќе од 50.000 луѓе. Меѓу настапите, Пријовиќ даде кратко интервју во кое искрено проговори за семејната атмосфера во нејзиниот дом.

„Филип го избра името, а мене многу ми се допадна. Аки ја прифати прекрасно – внимателен е, грижлив кон неа. Навистина сум среќна, затоа што ми велеа дека знае да биде тешко кога ќе дојде второ дете, но тој е навистина добар и нежен кон неа“, откри Александра.

Пејачката не крие дека и сопругот Филип е целосно вклучен во грижата за наследничката, а без проблем се снаоѓа и со секојдневните обврски.

„Со Аки го правеше истото, го прави и сега – така што, нема никаков проблем“, изјави таа за „Ин магазин“.

Александра неодамна откри и помалку убав момент од периодот кога дознала дека е бремена – разочарувањето од луѓето околу неа.

„Кога дознав дека сум бремена, 95 отсто од луѓето ме заборавија. Бев многу тажна. Додека имаше сè, сите беа тука, а потоа ми беше навистина тешко“, признава пејачката.

Таа додаде дека разговарала и со свои постари колеги, кои ѝ потврдиле дека тоа е дел од животот.

„Ми рекоа дека истото им се случувало и ним – дека тоа едноставно се случува. Но, по сè убаво, во моментот кога требаше да бидам најсреќна во животот, јас не бев“, искрено заклучи Пријовиќ.

Слични објави

(Видео) Среде настап ѝ паднаа забните навлаки – Манекенка од Тајланд ја освои публиката со смирена реакција на сцена

Еспресо

Тозовац ги оставил синовите без наследство: Еве на кого легендарниот пејач му оставил куќа, два стана и пари

Еспресо

(Фото) Миа Костова прозборе за врска со оженет маж

Еспресо

(Фото+видео) Скршени дрвја, уништен автомобил…: Николина Пишек објави видеа од невремето во Загреб

Еспресо

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо
Се вчитува....