5.8 C
Скопје
17:51 - 18 декември, 2024

Дали знаете дека Александра Пријовиќ не завршила средно училиште, но одела на натпревар по хрватски јазик

Српската фолк-ѕвезда Александра Пријовиќ денес е една од најбараните пејачки во регионот, која по три распродадени белградски Арени има закажано концерти низ цела Србија. Прија, како што ја нарекуваат, стана своевиден феномен откако распродаде пет загрепски Арени, но и по концертите во Босна и Херцеговина, а општ хаос настана кога изјави дека „не е само српска пејачка“, пишува српски „Курир“.

Пејачката набрзо се огласи и појасни што сака да каже – „Секако дека се декларирам како Србинка, со самото тоа сум српска пејачка. Никогаш не сум се изјаснила ништо друго освен дека сум Србинка кој израснала во Хрватска“.

Пред да стане пејачка, Прија живеела нормален живот, како и сите нејзини врсници во Бели Манастир во Хрватска. Иако не завршила средно училиште, Александра била одлична ученичка во Основното училиште „Д-р Фрањо Туѓман“, па во осмо одделение учествувала на училишниот натпревар по хрватски јазик.

Александра во 2010 година го освоила петтото место и постигнала добри резултати, имала 50 поени. Меѓутоа, овој број на поени не бил доволен за Прија да го продолжи натпреварувањето на окружниот „натпревар“, бидејќи на него отишле само ученици од седмо и осмо одделение кои ги освоиле првите места во ранг – листата.

Иако била одлична ученичка, по завршувањето на основното училиште, Александра се запишала во Втората гимназија „Бели Манастир“, каде што се запишала на насоката хотелиерство и туризам, но никогаш не ја завршила. Таа успеала да заврши три од четири класа.

„Се запишав во Втора гимназија и редовно завршив три класа, но четвртиот не го завршив. Едноставно, животот ме однесе на другата страна. Кога ќе ти се случи нешто за што отсекогаш си сонувал, како јас за пеењето. тогаш сè друго занемаруваш. Конкретно, јас училиштето. Многу патував поради натпреварот (музички талент на српската шоу-програма „Ѕвездите на Гранд“) за Белград и наставата ја оставив на страна. Не можам да кажам дека не ми е срам што не го завршив четвртиот клас. Се каам и секако сакам да го завршам училиштето“, изјавила во една прилика Александра за спрските медиуми.

 

 

 

Слични објави

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....