17.8 C
Скопје
12:10 - 26 март, 2026

Александра Младеновиќ трпи големи болки: Српската пејачка се огласи по итната операција

Српската пејачка Александра Младеновиќ се огласи по итната операција. Како што првично напиша „Информер“, Александра имаше операција на крајниците пред девет дена, а сега се опоравува опкружена со семејството и пријателите.

– Операцијата на крајниците помина добро. Малку ме боли, што е очекувано, закрепнувањето оди одлично. Бев во рацете на одличен медицински тим, сите мои најблиски се со мене и искрено, цел ден одмарам. Не сум откажала настапи и немам намера да ги откажам, бидејќи планирав да направам пауза по празниците за да го решам овој здравствен проблем. Наскоро ќе се вратам и едвај чекам да пеам пред мојата публика – рекла таа.

Да потсетиме, Александра Младеновиќ беше принудена да се подложи на хируршка интервенција поради долгогодишни проблеми со чести и хронични воспаленија на крајниците, што неодамна ѝ го отежнуваше секојдневното функционирање, како и професионалните обврски.

Слични објави

(Видео) „Не сум парче месо“: Стојне Николова се отвори за тоа како мажите ја гледаат

Еспресо

Сопругата на Саша Поповиќ за внуката Марта: „Сè ме потсетува на Сале, секој ден си го спомнуваме“

Еспресо

(Фото) Убав повод за забава во семејството на Огнен Здравковски

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Беше сиромашна и гладна, а сега се бори за здравјето: Се отвори Бранка Соврлиќ за Зорица Брунцлик

Еспресо

(Видео) „Целата траума е во телото“: Јелена Спенџарска откри лична приказна

Еспресо
Се вчитува....