02:07 - 2 април, 2026

Алек и Хиларија Болдвин ја споделија првата семејна фотографија со нивните седум деца

Актерот Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија неодамна станаа побогати за уште еден член на семејството. На 22 септември се роди девојчето Иларија Каталина Ирена Болдвин, нивното седмо дете.

Среќната вест ја сподели Хиларија на социјалните мрежи.

– Многу сме возбудени да ви го претставиме нашиот мал сон. Нејзините браќа и сестри се толку возбудени и сите дебатираат на кого таа најмногу личи – напиша 38-годишната поранешна инструкторка по јога.

Сега среќната мајка сега ја сподели и првата семејна фотографија на која парот заедно позира со нивните деца.

– Нашата прва фотографија со најмалите Болдвини! Каков Болдвинито дрим-тим – напиша Хиларија, спомнувајќи ја и најстарата ќерка на Алек, која актерот ја имаше со поранешната сопруга Ким Бесинџер: „Ајрланд, ни недостигаш и те сакаме“.

Освен Иларија, парот има уште шест заеднички деца: Кармен (9), Рафаел (7), Леонардо (5), Ромео (4), Едуардо (2) и Марија Лусија (18 месеци).

Тие се во брак од 2012 година, и важат за еден од најстабилните парови во Холивуд.

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....