8.8 C
Скопје
11:56 - 1 април, 2026

Алек Болдвин ќе продолжи со снимањето на „Рѓа“ и покрај обвиненијата за убиство

Снимањето на филмот „Рѓа“ (Rust) со Алек Болдвин ќе продолжи и покрај смртта на камерманката на сетот. Адвокатката на „Rust Movie Productions“ Мелина Спедаун ова изјави за „Entertainment Tonight“.

„Филмот со господинот Болдвин во главната улога, а во режија на Џоел Соуза, е на пат кон завршување“, рече таа.

Според неа, во процесот на снимање ќе учествуваат специјални безбедносни инспектори и членови на синдикатот, кои ќе следат што се случува. Адвокатката рече и дека ќе биде забрането да се користи работно оружје и каква било муниција на сетот.

Претходно беше објавено дека Канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе во американската сојузна држава Ново Мексико ја завршила истрагата за пукањето во кое бил вмешан Алек Болдвин, а случајот е предаден на обвинител.

Галина Хачинс почина во октомври 2021 година. За време на снимањето на „Rust“, Болдвин пукал од пиштол, ненамерно убивајќи ја Хачинс, и ранувајќи го режисерот на филмот, Џоел Соуса. Според зборовите на актерот, тој не го повлекол чкрапалото, туку самиот пиштол „испукал“. Пиштолот требало да биде наполнет со празни чаури, но се покажало дека куршумите биле вистински.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....