14:43 - 10 март, 2025

Ал Пачино ќе ѝ плаќа вртоглава сума за алиментација на Нур: Ова е последниот збор на судот!

Како што пренесува Page Six, судот во Лос Анџелес пресудил дека Пачино на својата поранешна партнер мора однапред да ѝ плати 110.000 долари, односно пред да почне да плаќа алиментација, потоа 13.000 долари за медицинска сестра која ја посетува и дека мора да ги покрие сите медицински трошоци кои не се покриени со здравствено осигурување.

Пачино (83) на Нур (54) месечно ќе треба да ѝ исплаќа алиментација од 30.000 долари, а годишно мора да ѝ плати и 15.000 долари како фонд за образување на нивното дете. Алиментацијата треба да ја исплаќа додека детето наполни 18 години, па така до тогаш низ годините ќе треба да ѝ исплати на Нур 6,5 милиони долари.

Твитер принтскрин – Ал Пачино и Нур на прво излегување по раѓањето на синот

Судот одлучи дека старатлество над детето ќе имаат и двајцата партнери, а детето ќе живее со мајката.

Потсетуваме дека Нур и Ал Пачино ја прекинаа нивната врска само три месеци по раѓањето на нивното дете.

Слични објави

(Фото) Ѓани се огласи од болница, пејачот го спакува куферот: Фамилијо, тргам кон мојот драг дом!

apostolova

(Видео) Маж упадна на сцената на концерт на Северина, пејачката го спречи обезбедувањето да го одведе

Еспресо

Тончи Хуљиќ проговори за врската на неговиот син Иван и Јелена Розга, откри дали ја поддржува нивната љубов

Еспресо

Ана Николиќ по 12 години ги откри сите детали за аферата со Ќазим Османи: Ја спомна и тепачката во хотелот…

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани наполни 29 години: Погледнете ја роденденската забава, на масата нема што нема!

Еспресо

Цеца на концертот за 8 Март ги повика швалерите во Аранѓеловац: „Мажи, да ве слушнам…“

Еспресо
Се вчитува....