3.8 C
Скопје
05:22 - 4 октомври, 2026

„Ако умрам, ил загинам“ на Јонче Христовски се најде на новиот албум на Црвена јабука

Петнаесет нови песни со ретро звук потсетуваат на Јабука во нејзините најдобри денови. Како и секогаш, темата на песните е љубовта, а на многу од нив се провлекуваат контурите на Сараево.

Новиот студиски албум „Нека нова јутра“ на Црвена јабука конечно е пред фановите. Најавен со насловната песна и спот, овој албум го разбуди медиумскиот интерес на целиот регион. И овој албум, како и дузина претходни на Црвена јабука, е во издание на најголемата дискографска куќа во регионот – Croatia Records. Автор на повеќето песни е Мирко Шенковски Џеронимо кој заедно со Дражен Жериќ Жера и Ларис Пашалиќ ги потпишува и сите аранжмани на песните.

Покрај Џеронимо, авторскиот тим го сочинуваат: Дино Мухаремовиќ, Фадил Бутуровиќ, Драгана Кајтазовиќ-Шенковски, Мирза Хамзакдиќ Харо, Амир Мисирлиќ и Златан Фазлиќ.

Албумот содржи и преработка на големиот хит на Нови фосили – „Тонка“, која Жера ја отпеа во спомен на големиот композитор и пријател Рајко Дујмиќ и Марио Пејиќ, а она што особено ќе им се допадне на фановите во Македонија е песната „Ако умрам, ил загинам“, напишана од Јонче Христовски, која во оваа прилика Жера маестрално ја отпеа.

Колку добро звучи кога Жера пее на македонски фановите ќе се уверат кога ќе започне нивната голема промотивна турнеја, а еден од првите големи концерти е закажан за Денот на вљубените во Загребска Арена.

фото: Карла Матулина

Слични објави

(Фото) Српски таблоид ја „погреба“ Биља Крстиќ, таа потресена се огласи: „Жива сум, срам да ви е!“

Еспресо

Игор Којиќ се жени за згодната Хрватка – во тајност се спрема голема прослава

Еспресо

(Фото) Прооде ќерката на Александра Пријовиќ: Малата Арија храбро чекори, гордата баба сподели фотографии од дома

Еспресо

Пак ли ова ќе ни биде последено: Камиказа реагираше на коментарите пред концертот на „Меморија“

Еспресо

На денешен ден нè напушти Љупка Димитровска — за само два месеца ги загубила сопругот, сестрата и мајката

apostolova

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка: Зошто го комплицираме она што може да биде едноставно?

Еспресо
Се вчитува....