09:51 - 13 ноември, 2026

Денес ќе го славеше 75-от роденден: Сопругата на Оливер Драгојевиќ со емотивна објава

Весна Драгојевиќ на својот Фејсбук профил објави емотивен пост кој му го посвети на својот покоен сопруг Оливер Драгојевиќ, кој почина пред четири години, а денеска ќе го прославеше својот 75 роденден.

Весна на своите следбеници на Фејсбук им откри дека се чувствува многу тажна.

– Тагата никогаш не завршува. Влегува во тебе како ситна прашина. Се разлева горе-долу додека не ја достигне најмалата пора во телото. Невидлива е, но ја носиш како најтешкото бреме што човек може да го поднесе – напиша Весна во објавата покрај постираната песна „Тристеца“ (Тага) на Оливер.

Да потсетиме, Весна и Оливер Драгојевиќ се венчаа откако се познаваа само 10 месеци, а заедно останаа 45 години во стабилен брак.

Денеска во родниот Сплит на Драгојевиќ ќе биде организирана роденденска прослава на која ќе присуствуваат голем број обожаватели на покојниот пејач.

 

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....