19.8 C
Скопје
15:22 - 13 март, 2026

Ако сте „среќници“ Цеца може да ви пее на свадба, хонорарот ѝ е 1.000 евра на минута, 3 илјади евра по песна или 30.000 евра за половина час

Естрадната ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна настапи на свадба како специјален гостин, а цената на нејзиниот хонорар за само половина час пеење изнесуваше дури 30.000 евра.

Пејачката која претходно наводно наплатувала 25.000 евра за еден час пеење, овој пат малку ја подигна цената, пренесуваат српските медиуми.

Кога младенците ја повикале да биде специјална гостинка, нејзиниот тим договорил Светлана да биде на свадбата половина час, а цената за тој настап е 30.000 евра. Бидејќи една песна во просек трае три минути, Ражнатовиќ можела да отпее најмногу десет песни за 30 минути, па според таа пресметка овој брачен пар платил 3.000 евра по песна.

Кога се појавила во свечената сала  каде била организирана свадбената веселба, присутните гости буквално скокнале од столчињата и се собрале околу пејачката.

Бројни мобилни телефони биле насочени кон Цеца, која настапот го започнала со песната „Београд“.

 

Слични објави

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin
Се вчитува....