11:06 - 4 април, 2026

Аца Лукас и понатаму во лоша здравствена состојба: Откажана нова тура концерти

Пејачот Аца Лукас пред два дена итно бил примен во Ургентниот центар.

Неговата состојба не се подобри, па мораше да ги откаже сите претстојни концерти, пренесуваат српските медиуми.

Имено, фолкерот вчера имаше закажан настап во клуб во Црна Гора, но тој беше откажан поради лошата состојба на Лукас.

– Ве известуваме дека концертот на Аца Лукас, кој беше закажан за 31.07.2024 г. е откажан поради здравствени причини на изведувачот. Одлуката за откажување не е донесена лесно, но приоритет е безбедноста и благосостојбата на пејачот – се вели во соопштението на клубот.

Одговор даде и менаџерот на Лукас.

– Во следните неколку дена ќе се одложат или откажат концерти поради здравствената состојба на Лукас. Сите со нетрпение го очекуваме неговото брзо закрепнување и продолжувањето на турнејата. За да не се шпекулира, станува збор за висока температура предизвикана од силна настинка, бидејќи Аца имаше преку 30 настапи во претходните 60 дена и му падна имунитетот – напиша на својот Инстаграм профил Саша Мирковиќ, кој е и менаџер на Лукас.

(Видео) „Ајде, целулит на сонце“: Жешката Нивес Целзијус плови на даска за веслање

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....