03:58 - 5 ноември, 2026

Аца Лукас доживеал сообраќајна несреќа на патот кон Битола

Концертот на српскиот фолк пејач Аце Лукас во Битолa, што требаше да се одржи синоќа, неочекувано е одложен за вечерва поради сообраќајна несреќа што ја доживеал пејачот во Македонија, објавија српските медиуми.

Лукас лично се обрати на својата публика преку видеопорака и откри дека имал сообраќајна несреќа, поради што не можел да пристигне во Битолa навреме.

„Драги мои, едно големо извинување ѝ должам на публиката во Битола. Морам јавно да се извинам и да им објаснам. Имав сообраќајна несреќа, еве, погледнете“, рече Аца Лукас во видеото, покажувајќи што се случило.

Тој потврди дека концертот ќе се одржи вечерва (а требаше синоќа), а за сите оние што веќе купиле билети, тие ќе останат важечки.

„Овој концерт, кој требаше да се одржи вечерва во Битолa, ќе се одржи утре вечер. Сите оние што купија билети, секако, тие ќе важат исто како и денеска“, порача пејачот.

Лукас нагласи дека, штом ситуацијата по несреќата се среди, ќе го продолжи своето патување кон Битолa. Како што рече, неговиот бенд е веќе во градот, додека сцената и комплетната организација се подготвени.

По сообраќајната несреќа што ја доживеал во Македонија, пејачот покажа како изгледа автомобилот по силата на ударот.

Лукас објави видео во кое се обрати на својата публика и откри дека доживеал сообраќајна несреќа, а во таа прилика покажа и целосно скршена шофершајбна.

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....