11.8 C
Скопје
19:08 - 4 март, 2026

8.000 евра за насмевка, 2.500 евра за усни, 7.000 евра за нос… Дара Бубамара вложила вртоглава сума во својата убавина, а за бујните гради платила баснословен износ

Српската фолк пејачка Дара Бубамара првпат вгради силикони во градите пред малку повеќе од 10 години, а како што самата изјави, ги менуваше неколкупати во текот на годините.

Дара никогаш не криеше дека откако се појави на српската јавна сцена, имала бројни естетски операции – го затегнала лицето, го поправила носот и, секако, ставила силикони во градите.

За насмевката платила 18.000 евра, за усните 2.500 евра, за носот 7.000 евра, а за екстензиите дури 1.000 евра.

Дара првпат вгради силикони во градите пред повеќе од 10 години, а како што самата изјави, ги менувала неколкупати во текот на годините. Денес, таа гордо ги носи, а сите тие естетски зафати ја чинеле околу 15.000 евра.

– Често ги менувам силиконите, првенствено затоа што морам тоа да го правам. Слушам дека некои колеги ме озборуваат, но тие можат само да плукнат под мојот прозорец. Ги следам светските трендови, а лажен морал има многу повеќе – изјави Дара за медиумите.

Во една прилика, пејачката дури и ги намали градите за неколку броја.

Својата професионална кариера ја започна како член на „Dara Bubamara Show Band“, а во 1995 година ја започна својата соло кариера со албумот „Досада“.

Дара Бубамара никогаш не ја криеше својата љубов кон луксузниот живот и скапите работи, и како што вели во една од нејзините песни – сè создала од нула.

Пејачката може да се пофали со добри автомобили и луксузни станови. Инвестираше во недвижности во вистинско време, и до ден-денес поседува четири стана.

Дара Бубамара има луксузен имот во родниот Нови Сад, потоа во Белград на Дедиње, и два што ги издава под кирија, а како што се пишуваше, планира да изгради куќа во Фрушка Гора за 500.000 евра.

Слични објави

(Фото) „Бебешкото креветче стигна“: Едита Арадиновиќ покажа како ги минува трудничките денови

Еспресо

(Видео) Александра Радовиќ ја „поткачи“ Цеца: Настана молк во студиото!

Еспресо

Јелена Карлеуша отишла кај најдобриот пластичен хирург во Турција, сака да даде 20.000 евра за трансформација

Еспресо

Шабан Шаулиќ носел перика цели 10 години – еве зошто! Сопругата на пејачот го отвори срцето

Еспресо

(Фото) Меган Фокс се врати на Инстаграм и ги запали мрежите: Во најминијатурна танга позираше пред милиони следбеници

Еспресо

Зорица Брунцлик итно оперирана! Познато е во каква состојба е пејачката

Еспресо
Се вчитува....