Драгана Беквалац сподели досега невидени фотографии со неодамна починатата Татјана Јечменица, простувајќи се од долгогодишната пријателка со емотивна порака. Татјана, поранешна репрезентативка на Србија во тенис, беше погребана на Градските гробишта во Нови Сад во присуство на семејството, пријателите и бројни спортски функционери, откако трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.
„Ташо моја добра, те сака твојата другарка“, напиша Драгана покрај фотографиите.
Инаку, Татјана и Драгана, кои двете потекнуваат од Нови Сад, со години негуваа силно пријателство. Често поминуваа време заедно со своите семејства, патуваа и споделуваа заеднички моменти.
Пред нешто повеќе од два месеца заедно со сопрузите престојуваа во Кина, од каде на социјалните мрежи објавуваа фотографии исполнети со насмевки и убава атмосфера, сведочејќи за блискоста и радоста што ја делеа.
Погледнете ги фотографиите од погребот на Татјана ТУКА.
