4.8 C
Скопје
05:53 - 8 октомври, 2026

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Драгомир Деспиќ – Десингерица, познат по своите контроверзни настапи, на кои претходно носеше печено прасе и рендаше сирење врз публиката, повторно ја шокираше јавноста.

Раперот привлекува огромно внимание каде и да се појави, а со новиот скандал на настап, како и обично, ги „запали“ социјалните мрежи.

Овој пат, на сцената му донеле живо јагне кое се обидувало да избега, додека Деспиќ неуморно ја изведувал својата песна „Чоколада“.

Настапот предизвика лавина негативни коментари на социјалните мрежи, а многумина изразија шок и негодување поради односот кон животното.

„Ова е премногу, уметноста не смее да вклучува злоупотреба на животни!“, гласи еден од коментарите.

Да потсетиме, претходно се пишуваше дека кршел живи јајца на главите на луѓе од публиката, па потоа правел пита и палачинки врз нивните глави. Во еден момент, освен што ги полевал со пиво, на една девојка ѝ плукнал во уста. Сега, сепак, отиде чекор понатаму.

Многумина очекуваа да видат кој ќе биде неговиот следен потег, но ретко кој претпоставуваше вакво нешто. Имено, Десингерица извадил јагне на ражен, го донел над публиката во Будва, а потоа почнал да јаде над нивните глави, додека делови паѓале на страна. Судејќи според снимките што кружат на мрежите, публиката уживала во овој негов перформанс.

Раперот еднаш за медиумите откри што мисли неговата сопруга Невена, со која има ќерка, за неговото однесување на сцена:

„Кога плукам во уста на луѓе, тоа ѝ пречи, но јас не правам ништо лошо. Правам сè што ме прави среќен на таа бина и таа го прифатила тоа“, изјавил тој.

Неговите настапи често се на мета на критики, а неодамна откри и дали му пречат негативните коментари.

„Не знам кој и понатаму го коментира моето влијание врз младите. Не правам ништо лошо, секојпат го менувам сценскиот настап, тоа го правам спонтано. Како ќе ми дојде, така се однесувам. Не можам да кажам што е најлудото нешто што сум го направил, затоа што за мене сè е нормално. Искрено, сè е како што треба. Тоа е работа и така се работи“, рекол Десингерица.

Слични објави

Тарик Филиповиќ ѝ го честиташе 50. роденден на убавата Лејла со емотивна порака: „Никој никогаш нема да те сака како што те сакам јас“

Еспресо

Пејачот од „Мајами бенд“ откри детали од прославата на ќерките на Карлеуша и Тошиќ: „Душко беше погалантен“

apostolova

Дејан Манасков и Билјана го крстија синчето Давид — семејна прослава покрај Охридското Езеро

К.С.

(Видео) Му ја продала куќата на Новак Ѓоковиќ, па изградила вила на Космај: Елена Караман ја покажа својата луксузна оаза

Еспресо

(Видео) Ксенија Николова го прекрои костумот од нејзиниот татко: „Кога го носам ја чувствувам неговата енергија“

Еспресо

По Анабела Атијас и Гаги Ѓогани оди на операција – отворено зборуваше за својата здравствена состојба

Еспресо
Се вчитува....