02:21 - 11 ноември, 2026

Златен глобус за младиот актер Остин Батлер и ветеранката Мишел Јео

Младата 31-годишна ѕвезда од филмот „Elvis“, Остин Батлер, и ветеранката Мишел Јео ги однесоа главните филмски награди на свеченото доделување на Златните глобуси, а Холивуд повторно ја прифати церемонијата која од телевизиските канали ја исфрли поради скандал.

Батлер е прогласен за најдобар актер во филмска драма за улогата во којашто го долови ликот на легендата на рок музиката Елвис Присли и изгледаше преплавен од емоции од тоа што му припадна големата чест пред многуте врвни имиња од шоубизнисот.

„Во оваа просторија сум со своите херои. Не можам да поверувам дека сум тука“, изјави Батлер посебно истакнувајќи ги Бред Пит и Квентин Тарантино.

Јео, наградена за главната улога во акцискиот филм „Everything Everywhere All At Once“  излезе на сцената откако беше прочитано нејзиното име и рече дека ќе „застане и ќе го почувствува овој момент“.

„Холивуд беше остварување на сонот додека не дојдов тука“, додаде малезиската актерка од кинеско потекло, велејќи и дека на почетокот од кариерата ја нарекувале „малцинство“ и ја прашувале дали знае да зборува англиски.

„Четири години подоцна беше неверојатно патување и неверојатна борба ќе биде овде денес, но мислам дека се исплатеше“, рече Јео.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....