16.8 C
Скопје
15:22 - 10 март, 2026

Жељко Самарџиќ за смртта на тригодишниот син: „Го закопавме во Црна Гора, тоа беше голема тага за сите…“

жељко самарџиќ

Српскиот пејач Жељко Самарџиќ и неговата сопруга Маја пред повеќе од 20 години доживеале голема трагедија – синот им починал кога имал три и пол месеци, а пејачот своевремено проговори за болната тема.

„Се сеќавам на тој период, мојата покојна баба првпат дојде да го види својот правнук, за неа беше голем шок кога се случи тоа. Во Црна Гора машката глава е голема работа“, рече тогаш.

„Никогаш нема да го заборавам тоа. Како семејство сите отидовме од Мостар во Никшиќ за да ги извршиме овие ритуали. Семејството на татко ми е од Никшиќ, таму го закопавме малиот Златко, тоа беше тага за сите“, додаде Самарџиќ.

Жељко и неговата сопруга имаат три ќерки, кои им подариле и внуци, а за својата поубава половина секогаш со голема љубов зборува.

„Ја земав од матура, тогаш беше матурантка на Економското училиште, ѝ реков: ‘Со мене си одиш дома’. Инаку, јас ѝ пеев на матурата, има фотографија од таа вечер. Таа веднаш се согласи да оди со мене, но нејзините родители беа против нашата врска. Музичарите тогаш имаа лоша репутација, веднаш покрај фудбалерите и некои други професии. Сепак, сето тоа го средив за околу пет-шест дена“, изјави пејачот во една прилика.

„Нејзините родители ми рекоа дека сака да учи, а јас реков дека може да го прави тоа покрај мене. Но, тогаш децата дојдоа брзо, тоа е твојот живот… Таа никогаш не зажали за својата одлука. Денеска имам одличен однос со нејзиното семејство, животот некако среди сè“, додаде Самарџиќ за „Стори“.

Слични објави

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin
Се вчитува....