04:51 - 23 октомври, 2026

Здравко Чолиќ за романсата со пејачката од АББА: По тридневната идила, се чувствував искористен како инстант супа

Во далечната 1997 година Здравко Чолиќ ја изненади јавноста откривајќи дека бил интимен со пејачката Фрида Лингстад од познатиот бенд „ABBA“.

Се запознале на Евровизија, кога Чола ја претставувал Југославија со песната „Гори ватра“. Истата година Фрида била пратечки вокал на шведскиот претставник, а потоа се случила и споменатата средба поради која Чола за малку ќе задоцнел на настапот.

„Фрида од групата „АББА“ ја запознав на „Песна на Евровизија“, каде на друго место. Следуваше покана за викенд. Изгледаше ветувачко, но по тридневната идила, се чувствував искористен како инстант супа. Ја вариш пет минути, ја јадеш топла и тоа е тоа“, опиша Чола.

Судејќи според неговите впечатоци, нивната врска била кратка и не толку слатка.

– А сè беше таму: и колиба и камин и свеќи и цвеќиња, карирани завеси и чаршафи, риба печена во фолија со бадеми и етерични масла… Но, вистинската, единствена, луда страст што се случува меѓу маж и жена ја немаше. Немаше спонтаност, па се изгледаше како кога закажуваш тренинг за двајца во теретана – заклучил тогаш Чолиќ.

Пејачот пред 20 години ја пронајде својата животна сопатничка со која е во хармоничен брак и има две прекрасни ќерки.

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....