4.8 C
Скопје
01:50 - 5 октомври, 2026

Здравко Чолиќ искрено за љубовните разочарувања: „Повеќе жени ми го скршија срцето“

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ ретко зборува за приватниот живот, но овојпат направи исклучок и откри дека во минатото неколкупати доживеал љубовни разочарувања, пред да ја пронајде среќата покрај сопругата Александра.

Во разговор за емисијата „Ин магазин“, Чолиќ призна дека, иако денес ужива во долгогодишен и стабилен брак, љубовниот живот не секогаш му бил наклонет.

„Во животот имав малку сериозни врски, но, секако, имаше повеќе жени, нема да ги именувам. Тоа е сосема природно. Мислам дека на оние кои никогаш не им било скршено срцето и не биле заљубени, нешто им недостига“, изјави пејачот.

Со Александра, професорка по географија, е во брак повеќе децении, а заедно ги имаат ќерките Уна и Лара. Неговата сопруга речиси никогаш не се појавува во јавноста и е посветена на својот професионален живот.

Чолиќ претходно откри дека нивната венчавка се случила сосема спонтано.

„Се венчавме на Први мај. Сите мислеа дека е скриена камера, бидејќи тргнавме на првомајски излет. Долго време бевме во врска, па дојде моментот кога требаше да одлучиме. Во еден брак мора да постојат почитување и пријателство. Заедничкиот живот не е лесен, но кога постои разбирање, долгите врски имаат своја вредност“, раскажа тој.

Пејачот откри и што најмногу го освоило кај Александра.

„Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека токму тоа беше пресудно. Ме освои со својата едноставност и приврзаност. Ми се посвети, мисли на мене, се грижи, се секира… Човек едноставно ќе ја препознае личноста што сака повторно да ја види. Тоа не може да се објасни. Може пред вас да стои најубавата и најпаметната жена, а вие да сакате што побрзо да си заминете. Верувам дека некоја повисока сила одредува зошто некои луѓе се заедно, а други не. Нашите аури се препознаа и тоа беше доволно за да започне една нова животна приказна“, изјави Здравко Чолиќ.

Слични објави

Куќата на пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ е целосно пропадната, крш насекаде, дворот полн со ѓубре

Еспресо

Ќе се обновува родната куќа на Тома Здравковиќ — нова иницијатива за зачувување на ликот и делото на музичката легенда

Е.А.

„Вјекослава ја познавам од мојата 19-та година“: Данијела Мартиновиќ искрено за мајката на Хана Хуљиќ

Е.А.

Неделен хороскоп од 5 до 11 октомври: Скорпиите ги очекуваат разговори за иднината, Раковите ги мачат морални дилеми

Т.Ц.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ првпат ја покажа дневната соба — вака изгледа вистинската елеганција без нималку кич

Еспресо

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо
Се вчитува....