11:04 - 14 ноември, 2026

Слаткаристика за саканата Сања: „Годината кога таа стана Мис, јас продавав книги на плоштад“

Слаткаристика гостуваше во поткастот „Равенка за успех“ и отворено проговори за бракот со сопругата Сања Николиќ, откривајќи дека пред да стапат во брак три години живееле заедно. Според него, токму тоа им помогнало да бидат сигурни дека се создадени еден за друг.

„Јас и Сања бевме заедно три години пред да се венчаме. Веќе живеевме заедно и се познававме многу добро. Мислам дека е добро, пред да се земеш со некого, прво да живееш со него. Ние веќе знаевме дека тоа е тоа“, рече тој.

Раперот вели дека нивната средба ја доживува како судбина, бидејќи ниту тој ја барал неа, ниту таа него, но сепак животот ги споил.

Иако доаѓаат од различни средини, Слаткаристика смета дека токму заедничките семејни вредности се темелот на нивната врска.

„Ние сме сосема различни луѓе, но имаме исто домашно воспитување и исти морални вредности. Тоа, според мене, е основата на секој долготраен однос.“

Тој објасни дека разликите меѓу нив биле очигледни уште од самиот почеток.

„Јас пораснав во Ново Лисиче, а таа на Водно. Тоа се две различни средини, но дома сме воспитувани на ист начин и тоа направи да се разбираме.“

Слаткаристика се потсети и на периодот кога животот им бил сосема поинаков.

„Годината кога таа стана Мис, јас продавав книги на плоштад. Никогаш не знаеш каде ќе те однесе животот.“

Иако признава дека не постои совршена врска, уверен е дека љубовта, меѓусебната поддршка и заедничките морални принципи се причината поради која нивниот брак успешно ги надминува сите предизвици.

„Ниту една врска не е совршена, но љубовта и основните домашни морални вредности се најцврстата нишка што може да го одржи секој однос, без разлика на притисоците.“

Слични објави

Јована Јеремиќ ја покажа дипломата од факултетот, тврди дека зборува пет јазици: „Сакам да ги нервирам квази интелектуалците“

Еспресо

Гоца Тржан ги насмеа сите: Проговори за Раша и својата висина од „метар и ќебап“

Е.А.

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо
Се вчитува....