11.8 C
Скопје
18:52 - 14 март, 2026

Запознајте ја леди Амелија Виндзор: За неа велат дека е најубавата членка на кралското семејство

Една од членовите на британското кралско семејство е леди Амелија Виндзор, 27-годишна манекенка и братучетка на принцовите Хари и Вилијам.

Таа моментално е 42. во редот за наследување на британската круна и е во директно крвно сродство со кралот Џорџ Петти.

Убавата Амелија е најмалото дете на Џорџ Виндзор, гроф од Св. Ендрјус, а нејзиниот дедо е војводата од Кент, единствениот член на кралското семејство кој ја погреба и кралицата Елизабета Втора и нејзиниот татко Џорџ Шести.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mel 🍯 (@amelwindsor)

Од страната на нејзината мајка, Амелија потекнува од древното семејство Томазели, односно таа е трета братучетка на Хари и Вилијам, а се занимава со манекенство.

Иако е позната како трендсетерка на британското високо друштво, таа не и е добро позната на јавноста, па го привлече вниманието кога елегантно и достоинствено се појави во Вестминстерската катедрала на погребот на кралицата Елизабета Втора, пишува Story.hr.

Убавата русокоса со витка фигура го украде вниманието на фотографите, па во британските медиуми веднаш почна да се пишува за неа.

Амелија моментално работи за агенцијата за модели Storm Model Management, а на сцената се појавила во 2016 година.

Учествувала во ревии на Долче и Габана и се појавила на насловните страници на британскиот и јапонскиот Вог, а пред неколку години посебно внимание привлекла кога се сончала топлес на плажа. Со оглед на тоа што ваквото однесување традиционално се смета за непримерно за член на кралското семејство, не е чудно што папарацо фотографиите на голата Дама кренале голема прашина.

Што се однесува до љубовниот живот, Амелија го крие како „змија нозе“, но минатиот месец таа призна дека постариот маж со кој била во врска неочекувано ја напуштил и и го скршил срцето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mel 🍯 (@amelwindsor)

Слични објави

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо
Се вчитува....