7.8 C
Скопје
19:24 - 1 април, 2026

„За љубов се пее до крај“: Објавена компилација од најдобрите хитови на прерано починатиот Влатко Илиевски!

Во чест на прерано починатата музичка ѕвезда, Влатко Илиевски во негова чест е објавена компилација од неговите хитови со наслов „За љубов се пее до крај“.

Станува збор за колекција составена од најголемите хитови на Илиевски, кои ја одбележаа неговата десетгодишна соло кариера, како „Нека биде по твое“, „Најбогат на свет“, „Со други зборови“, „Среќа“, „И премногу добро“… Компилацијата ја збогатува и темата „Недостигаш“, која во чест на Илиевски ја испеаа неговите обожавателки Елена, Матеа, Викторија и Анастасија.

Оваа извонредна колекција, во спомен и сеќавање на Илиевски е некомерцијално издание во ограничен тираж.

– Oваа колекција на една мала-голема кариера, каква што беше таа на Влатко, е во тој правец. Мала поради времето и фактот дека имаше уште многу да каже и да покаже, а голема бидејќи, без оглед на поминатите години, неговите песни останаа да живеат. Десетте дискографски години на Влатко, колку што траеше неговата соло-кариера, се една од најубавите и најтажни музички приказни создадени под ова парче небо – велат издавачите на компилацијата.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....