12.8 C
Скопје
15:35 - 24 март, 2026

Вработена во пекарата каде пазарувал Џеј: Купуваше многу храна и ја оставаше на улица за сиромашните!

Познатиот пејач Џеј Рамадановски имаше големо срце, а приказната која кружи за неговото внимание и хуманост кон другите луѓе, за српските медиуми ја потврдиле и во една пекара во која тој често пазарувал.

Имено, се зборува дека Џеј во пекарата купувал пециво и останато во кеси кои обично ги закачувал на контијнерите во белградската населба Дорчол каде и живееше, за да може да ги пронајдат луѓето кои немаат што да јадат.

Новинарите на српскиот портал „Телеграф“ ја посетиле пекарата во која тој купувал, каде една од вработените кои го послужувала Џеј кажала дека тој секогаш купувал голема количина на храна, од се по малку.

– Доаѓаше најчесто во утринските часови, купуваше доста храна. Секогаш беше расположен, веројатно доаѓаше после некое излегување и секогаш оставаше голем бакшиш на девојките. Беше пријатен – изјавила вработената.

– Често доаѓаше, но во последно време го немаше. Сигурно купуваше храна и за други, бидејќи толку многу, сигурно не беше само за него – рекла вработената и изјавила дека го обожавала Џеј како пејач.

Да потсетиме. Џеј почина на 6 декември, откако во сон престанало да му работи срцето, а поради неговата ненадејна смрт тагува целиот регион.

Слични објави

(Фото) Енис Бешлагиќ го покажа својот син: Сите коментираат колку личи на својот славен татко

Еспресо

(Фото) „Момент на вечноста“: Тигар објави фотографија со Јована Јеремиќ во Виена

Еспресо

„Докторите ми ветуваа брза смрт“ – Ведрана Рудан за борбата со ракот: Две години умирам, а ништо не се случува

Еспресо

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin
Се вчитува....