15:16 - 3 април, 2026

Вистината за првата љубов на Жељко Јоксимовиќ: „Се зацрвене кога ѝ го реков тоа…“

Пејачот Жељко Јоксимовиќ (53) првпат се ожени на многу млади години – на 23 години со Весна Аврамовиќ, неговата голема љубов од гимназиските денови. Двајцата имаат ќерка по име Мина, на која се многу горди.

Малку познати детали од младоста на Жељко некогаш открил човек кој добро го познавал – неговиот поранешен прв комшија, кој истовремено му предавал и физика во училиште.

„Жељко и неговата тогашна сопруга Весна беа мои ученици. Одеа во иста паралелка, но никој не можеше да замисли дека еден ден ќе се венчаат“, раскажал професорот Сречковиќ.

„Еден ден ја видов Весна како доаѓа кај Жељко и се држат за раце. Ми беше мило затоа што знаев дека се добри деца. Ѝ дофрлив: ‘О, добар ден, комшивке’, а таа се зацрвене“, додал тој.

„Подоцна слушнав дека по маало се зборува оти се забавуваат. Наскоро таа речиси се пресели кај Жељко, и брзо потоа се венчаа“, завршува професорот.

Жељко по разводот со Весна, среќата ја најде со сегашната сопруга Јована Јоксимовиќ, со која има три деца.

Жељко со ќерката Мина / Фото: Инстаграм

Со Јована, Жељко ги има синот Коста и ќерките Срна и Ана. Убавата водителка еднаш зборувала за односот со Мина и ја спомнала Весна.

„Не можам да ѝ бидам другарка, ниту пак мајка. Можам да ѝ бидам пријател, некој што секогаш ќе биде тука кога ѝ треба нешто. Луѓето страшно ги мешаат улогите. Мислам дека Мина има прекрасни родители – прекрасна мајка и прекрасен татко“, изјавила тогаш Јована.

„Мина е дел од нашето семејство. Таа е со нас. Како што има топлина во домот на мајка ѝ, така ја има и кај нас. Знам дека луѓето бараат сензација, но овде ја нема“, додала таа.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....