Овен
Денешниот ден носи чувство на возбуда, но и мала тензија во воздухот. Ќе ви се чини како сите околу вас да имаат мислење за вашите чекори. Наместо да се објаснувате, нека тишината ја каже својата страна. Вечерта, неочекуван допир или збор ќе ви го стопли срцето. Слушајте го телото бидејќи ви дава знаци кога е време да забавите.
Бик
Светот денеска ќе ве гледа со поинакви очи – некој што долго ве набљудува конечно ќе се осмели да ви се доближи. Ќе почувствувате мал пресврт, како да се отвара врата кон нешто ново. Ако забележите внатрешна тежина или притисок, немојте да го игнорирате и потрудете се да си дадете простор.
Близнаци
Старо познанство може да ве најде во момент кога мислите дека сте сосема на друга фреквенција. Збор што ќе го слушнете може да ве врати во времето и да отвори прашања што сте мислеле дека се затворени. Денеска е важно да бидете нежни со себе, особено кога ќе ве преплават мисли пред спиење.
Рак
Ќе почувствувате мала потреба за повлекување, не како бегство туку како заштита. Некој близок нема да ве разбере од прва, но тоа не значи дека не ве сака. Малку тишина и самотија денеска може да направат многу за вашиот внатрешен мир. Ако ве фати замор во телото, не го туркајте на сила.
Лав
Ќе се појави личност што ќе се обиде да ви го намали сјајот, но вашата светлина не се гаси така лесно. Денес е време да покажете дека вистинската самодоверба не е гласна, туку присутна. Во интимните моменти ќе откриете дека она што го мислевте како слабост е, всушност, ваша сила.
Девица
Ситуација што изгледа обично ќе се покаже како тест за трпеливост. Не се обидувајте да докажувате ништо, вашата вистина веќе се гледа. Ќе добиете знак од некој што не сте го очекувале, можеби и порака што носи повеќе отколку што делува на прв поглед. Ако нешто ви тежи во градите, најдете начин да го пуштите надвор.
Вага
Нешто ќе ве стави на крстопат, и ќе се прашувате што е поважно – да останете мирни или да ја кажете вистината. Денот ќе биде огледало, ќе видите кој е со вас поради вас, а кој поради својата корист. Ќе ве привлече некој што не личи на вашите досегашни избори. Ако чувствувате напнатост, движењето ќе ви биде лек.
Скорпија
Ќе добиете информација што може да ви даде предност, но и дилема. Ќе ве мачи дали да ја споделите или задржите за себе. Во блиските односи, ќе се појави мала љубомора или недоразбирање, не бегајте, туку погледнете во очи. Тело ви бара нега, посветете му барем еден час само за себе.
Стрелец
Ќе почувствувате немир, како копнеж по нешто што не можете точно да го именувате. Не бегајте од тоа чувство – тоа ве води до длабока вистина. Моментална привлечност може да ве збуни за тоа дали е реална или плод на досада. Телото ви испраќа сигнали преку тензија, чујте го навреме.
Јарец
Некој што тивко ве следи конечно ќе покаже дека е тука. Ќе се прашате дали сте подготвени да пуштите некого поблиску. Денешната интеракција ќе ви остави чувство дека нешто конечно се мести на своето место. Ако ве мачи немир или тежина, можеби е време да се одморите без чувство на вина.
Водолија
Ќе блеснете неочекувано и ќе привлечете погледи кои претходно биле насочени на друго место. Ќе добиете порака или знак што долго сте го очекувале, но ќе се прашате дали сè уште значи исто. Мали вртоглавици или замор се знак дека сте пресилно во главата, време е да се вратите во телото.
Риби
Ќе почувствувате како некои луѓе одеднаш ви се отвораат, доверувајќи ви нешто длабоко. Тоа ќе ве допре повеќе отколку што очекувате. Емоциите ќе ве преплават, но нека течат. Ако не можете да заспиете, не се мачете и запишете ги мислите. Ќе ви стане полесно.