5.8 C
Скопје
07:06 - 1 април, 2026

(Видео) Жената во чија куќа „заврши“ Ен Хеч го прекина молкот: „Без зборови сум“…

По веста за смртта на Ен Хеч, жената во чија куќа со својот автомобил удри (и заврши фатално) холивудската глумица Ен Хеч, ја сподели својата тага во видео на социјалните мрежи.

Куќата на Лин Мишел се запали во несреќата минатата недела кога актерката изгуби контрола над автомобилот и удри во предниот дел од куќата.

„Веста за смртта на Ен Хеч е поразителна. Нејзиното семејство и нејзините пријатели и нејзините деца, особено, навистина претрпеа голема загуба и моето срце е со нив“, рече Мишел.

„Целата оваа ситуација е трагична и јас сум навистина без зборови. Испраќам љубов до сите засегнати“, продолжи таа.

Мишел, која се наоѓала во задниот двор од другата страна на куќата во моментот на несреќата, добила лесни повреди откако избезумено работела на спасување на домашните миленици од запалената куќа.

Таа претходно сподели видео за да им се заблагодари на луѓето кои ја поддржуваат и за „огромното количество љубов и сочувство, дарежливост и добрина што луѓето ги покажаа во текот на изминатата недела“, а потоа продолжи.

„Очигледно е дека тоа беа најлуди, најтравматични моменти; шокантни, па на крајот ќе се обидам да им одговорам на сите и да ги прочитам коментарите, но ви благодарам, ви благодарам од се срце. Навистина беше неверојатно. Навистина тоа влијаеше на мојот живот на многу длабок начин, затоа многу ви благодарам на сите и ќе ве информирам понатаму“.

Формиран е фонд за да ѝ помогне на Мишел во финансиските проблеми што произлегоа од несреќата и веќе собрала 150.000 долари.

Да потсетиме, семејството на Ен Хеч соопшти во петокот попладне, по веста дека на актерката ќе и биде отстранет апаратот за одржување во живот, дека нејзините органи ќе бидат донирани како што сакала. Така ѝ се случи, беше потврдено вчера дека најден е пациент кој компатибилно може да ги прими органите.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....