06:37 - 13 септември, 2026

(Видео) Здравко Чолиќ настапи на свадба, за 45 минути зел 45 000 евра: По илјада евра за минута пеење

Пејачот Здравко Чолиќ минатиот викенд беше специјален гостин на свадбата на син на бизнисмен, која се одржа во еден елитен белградски ресторан.

принтскрин, инстаграм

Познато е дека легендарниот пејач ретко пее на приватни прослави, а според сознанијата на српските медиуми, младенците за Чола морале да издвојат дури 45.000 евра, за тој со своите хитови да го разубави најубавиот ден во нивниот живот.

Чолиќ пеел вкупно 45 минути, што значи дека за секоја минута од мини-концертот заработил по 1.000 евра. Секако, пејачот имал посебни услови за да настапи на оваа луксузна прослава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Endzi Mavric (@endzimavric)

– Чола може да избере каде ќе настапи. Не се занимава со пеење на приватни забави, но овојпат направи исклучок. Имал одредени услови, кои младенците и нивните семејства ги исполнувале без збор, па се било договорено многу брзо. Меѓу другото, тој побарал бината да се подигне од подот за гостите да не му се приближуваат премногу додека пее, да нема нарачка на песни или фотографирање со гостите… За 45 минути побарал 45.000 евра и веднаш било прифатено бидејќи младенците ја обожаваат неговата музика. Првиот танц се одиграл со песната „Тебе те чувам за крај“. Тој ги испеа некои од своите најголеми хитови, а сите беа воодушевени кога ја изведе песната „Ти си ми во крвта“. Веднаш по настапот во придружба на обезбедувањето на ресторанот го напушти локалот – изјави извор од местото на настанот.

Покрај него, гостите на свадбата ги забавувале и фолк пејачите – Виолета Вики Миљковиќ и Радиша Трајковиќ Ѓани, кои атмосферата ја довеле до својот врв, а за тоа, покрај хонорарот, биле наградени и со одличен бакшиш, додека Чолиќ не прифаќал никаков бакшиш.

Слични објави

Хаос во семејниот дом на Адам Адактар — позната сосетка од Чачак откри што се случувало во нивното минато

Е.А.

„Имав 22 години кога ја прекинав бременоста“ — Лепа Лукиќ откри дали била бремена од Тома Здравковиќ

Е.А.

„Да ми умреше синот, веднаш ќе си пресудев“: Нада Топчагиќ низ солзи за најтешкиот период во животот

Еспресо

(Фото) Ѝ пееше Наташа Беквалац, а таа блескаше во сино — Елена Ѓорговска го прослави роденденот во Белград

Еспресо

Вук Моб по раскинувањето на свршувачката најде нова девојка: „Таа е прекрасна личност!“

Еспресо

Никој не може да им одолее! Ова се трите најстрасни хороскопски знаци!

Еспресо
Се вчитува....