5.8 C
Скопје
03:24 - 1 април, 2026

(Видео) Васил Гарванлиев не успеа да се пласира во финалната евровизиска вечер

И покрај моќниот настап на Гарванлиев на првата полуфинална вечер на Евросонг 2021, нашиот претставник не успеа да се пласира во финалната евровизиска вечер

Васил при изведба на „Here I Stand“ на сцената се истакна со моќниот настап, одличната вокална изведба, многуте емоции, но и специјалните ефекти кои собраа голем аплауз од публиката присутна таму.

Васил несебично го даде својот глас и сите свои емоции на сцената создавајќи моќна и емотивна атмосфера, но за жал без пласман во големото еврозизиско финале.

Сценскиот настап, го означи и откопчувањето на палтото под кое се наоѓаа мали огледала на неговото торзо кои создадоа рефлексија која ја осветли целата сцена.

На синоќешната прва полуфинална вечер беа одбрани првите 10 финалисти, меѓу кои се Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија, Украина.

На првите финалисти ќе им се придружат на претставниците на Холандија, Велика Британија, Шпанија, Италија, Германија и Франција во големото финале кое е закажано за 22 мај.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....