17.8 C
Скопје
15:31 - 18 октомври, 2026

(Видео) „Тато, ја гледав порно филмови“: Милан Калиниќ со шокантна изјава дека му дозволува на синот да гледа содржина за возрасни

Емисијата „Ако проговорам“, која ја води српската пејачка Гоца Тржан, е едночасовно шоу во кое гостите искрено зборуваат на табу теми.

Пред речиси две години, актерот Милан Калиниќ гостуваше во оваа емисија, чија тема на денот беше „Разговор со децата за интимните односи“. Еден од аспектите кои го опфатија беше и фактот дека децата, доколку не се под надзор од своите родители, имаат лесен пристап до содржина која е наменета за возрасни.

Мал сегмент од нивниот разговор повторно стана актуелен на социјалните мрежи. Имено, Калиниќ детално зборува за тоа дека неговиот син, кој тогаш имал десет години, му признал дека гледал порнографски филмови со неговиот другар.

„Пред една година, значи Вук тогаш имаше десет години, а сега има единаесет. Ние се враќаме од тренинг, тој седи за мене и ми вели: ‘Тато, јас и Душан гледавме порно филмови’. Јас му реков: ‘Па, добро’. А потоа синот ми рече: ‘А, ти знаеш ли што се прават таму?’. Јас му реков: ‘Па, знам. Многу добро знам што прават’“, раскажа Калиниќ, па додаде дека на син му „многу му се допаднало тоа што го изгледал“.

Актерот продолжи да објаснува дека е „нормално да се гледа таква содржина и дека секој маж го прави тоа“.

„По неколку дена, тој повторно дојде да зборува со мене и ми рече: ‘Тато, едвај чекам и јас да имам односи’“, раскажа Калиниќ, а присутните во студиото почнаа да се смеат.

Голем дел од корисниците на социјалните мрежи се згрозени од постапката на српскиот актер и сметаат дека Калиниќ го посрамотил својот малолетен син со тоа што јавно ја споделил неговата интима.

„Покрај тоа што го посрамоти синот, морам да потсетам дека порнографските филмови можат да направат поголема штета отколку корист во сексуалниот живот на многумина поради нереалните очекувања. Каков ужас, ми се слоши од оваа снимка. Поради ова децата имаат искривена слика за љубовта, интимата и односот кон жените. Овој човек е целосна будала, а и овие кои се смеат покрај него. Балкански примитивизам“, е еден од бројните коментари под објавата.

Остри критики се упатени и кон српската телевизија К1, каде неколку години се емитува оваа емисија, поради тоа што дозволила емитување содржина во која се спомнува име на малолетник и консумирање еротска содржина.

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....