02:00 - 7 април, 2026

(ВИДЕО) СВЕТСКО, А НАШЕ: Борис Цветановски а.к.а Ris Flower со нова песна – „Hears So Cold“

ris flower

RIS FLOWER, од денес во светскиот етер е присутен со нов сингл насловен „Hearts So Cold“.

По неговото последно издание „Live Power Session“ (последно нешто снимено во веќе легендарната „Универзална Сала Скопје“), Борис Цветановски a.k.a RIS FLOWER, на музичките сладокусци им носи нова песна која со својот специфичен ритам, модерен звук и моќни, енергични вокали е најава за првиот албум на Ris Flower кој ќе се реализира во 2022 година.

„Во време кога на глобално ниво срцата се насекаде ладни, единствено љубовта е нешто што може да ни даде сила, енергија и топлина. Време е да кажеме громогласно „НЕ!“ и да се бориме против негативните влијанија кои се почесто секојдневно не опкружуваат. Верувам дека пораката која ја пренесувам преку мојата нова песна „Hearts So Cold“ ќе допре до луѓето и ќе ги охрабри во овие ладни времиња“, вели Борис.

Музиката и текстот се на RIS FLOWE,  аранжман и продукција на Мустафа Чанбазлар. Видео спотот е снимен во „Studio Ari„ во Истанбул, Турција. Бруно Велјановски е режисер на видео спотот,  Борис Ралев е зад камера, а Владимир Владимиров е монтажер на истото.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....