09:56 - 8 април, 2026

(ВИДЕО) Спектаклот за најголемата ријалити-ѕвезда: Ким Кардашијан го прослави својот 40-ти роденден!

Најпознатата ријалити-ѕвезда и инфлуенсерка на светот, Ким Кардашијан (40) на 21 октомври го прослави својот 40-ти јубилеен роденден, а нејзиното семејство и приреди фантастично изненадување за оваа убава пригода.

Имено, нејзините сестри Кортни, Клои, Кендал и Кајли изведоа вистинско шоу во секси костуми, па изведоа настап во стилот на кабаре и ги воодушевија фановите.

Славеничката се појави на сцената во еден момент, а бидејќи не очекуваше дека ќе мора да танцува, таа „замрзна“ од среќа и цело време се смееше и им се заблагодари на своите сестри кои со широки насмевки на лицата танцуваа во ритамот на музиката.

Целата соба беше украсена во „винтиџ“ стил, но и во тема на „Ноќ на вештерките“, а се слушаше и музика од 1920-тите. Парадата ја водеше најстариот член на кланот Кардашијан-Џенер, Кортни Кардашијан, а сите дами беа облечени во црно како „зајачиња“, освен Ким, која носеше златен фустан со светки, кој ги привлече вниманието на сите.

Фустанот беше толку тесен, што ги истакна сите нејзини облини и совршената фигура, а изгледот го надополни со долга права пуштена коса. Ѕвездата носеше златни потпетици и уживаше во нејзината вечера.

Исто така, погледнете ја и видео честитката што ја направија нејзините најблиски по повод роденденот:

Слични објави

(Видео) Ивона Јо: Ми отсранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.
Се вчитува....