7.8 C
Скопје
20:10 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) Се појави на стадионот како кралица, не очекувајќи ја катастрофата што следеше: Ким Кардашијан наместо овации и аплауз, доби свирежи

Ким Кардашијан доживеа невиден скандал кога со својот син се појави на натпреварот на Лос Анџелес Рамс и Далас Каубојс, облечена како модел од модна писта. Се појави на стадионот како кралица и гордо седеше во ложата, но ни и во нејзините најлоши кошмари веројатно не можела да ја замисли катастрофата што се случи малку подоцна во живо во програма што ја гледаа милиони Американци.

Иако добар дел од светот е луд по реалните шоуа, шминките и облеката, очигледно е дека навивачите не го делат истото мислење, особено по последните потези на нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kardashian News (@kardashianunit)

Во еден момент Ким се појави на екранот над стадионот, а општо правило е дека познатите личности добиваат овации и аплаузи на натпреварите, што беше случај со Џон Леџенд, кој исто така беше на стадионот. Меѓутоа, тоа не беше случај и со Кардашијан. Иако на почетокот мавташе кон камерите и се смешкаше, нејзиниот израз целосно се промени кога луѓето почнаа да ја исвиркуваат.

Луѓето извикуваа „уа“ и секакви навреди, поради што Ким седеше со скаменет израз до крајот на играта и само одвреме-навреме го фотографираше својот син Сеинт.

Секако, во исто време видеото ги преплави мрежите, а коментарите беа поделени. Погледнете како изгледаше сето тоа.

 

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо
Се вчитува....