Пејачката Драгана Мирковиќ со своето семејство го одбележа Велики петок во својот дворец во Виена, украсувајќи ја трпезата со велигденски мотиви и бојадисувајќи јајца.
Таа сподели видео од внатрешноста на својот дом, покажувајќи како изгледа празничната атмосфера во нивниот семеен круг.
Драгана се погрижила за секој детал, а ова е првиот Велигден што ќе го прослави и со својата внука. Масата била богато украсена со велигденски елементи – од салфетки и свеќници со зајчиња, до голема декоративна фигура во форма на јајце. Особено внимание привлекла и декорацијата за приборот за јадење, која исто така била во форма на зајче.
Пејачката ги бојадисала јајцата во пастелни бои – нежно розова, жолта и светлосина, а имало и бели јајца украсени со лисја. Секако, не изостанале ниту традиционалните црвени јајца, кои биле послужени во посебен сад.
Да потсетиме, синот на Драгана, Марко Бијелиќ, неодамна стана татко, а тој и неговата сопруга Мелани на ќерката ѝ го дадоа името Ксенија. Тие живеат заедно со Драгана во дворецот во Виена.
Пејачката го прослави доаѓањето на внуката со семејството и пријателите, а за таа прилика носеше маица со натпис: „Најгордата баба на светот“.
Името Ксенија е од грчко потекло, изведено од зборот „ксенија“ (гостопримство), што значи „гостопримлива“, „пријателски настроена“ или „гостинка“. Се верува дека личностите со ова име се љубезни, нежни, искрени и добри пријатели.
