7.8 C
Скопје
10:29 - 1 април, 2026

(Видео) Прва снимка од тајната венчавка на Сергеј Трифуновиќ и убавата Исидора: Невестата го фрла бидермаерот

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ тајно се ожени во неделата, а сега на социјалната мрежа Инстаграм споделил видео од свадбената прослава.

На видеото се гледа моментот во кој невестата Исидора го фрла бидермаерот.

„Невестата како Дончиќ. На свадбата на Бане јас го фатив бидермаерот. Го надскокав Марчело кој немаше шанса во тој безмилосен дуел и всушност го собрав од обрачот“, напиша Сергеј.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergej Trifunović (@whistler_dick)


Да потсетиме, Сергеј Трифуновиќ се ожени со 23 години помладата Исидора Мијановиќ, а парот во тајност организираше црковна венчавка на Топчидар. Инако, младенците планираат во септември да направат голема свадба.

Откако еден на друг го изговоријата судбинското „да“, невестата се огласи на социјалните мрежи. Вљубената двојка позира во страсна прегратка, лицата не им се гледаат, но може да се забележи дека и двајцата уживаат.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergej Trifunović (@whistler_dick)


Инаку, во интервјуто за РТС пред неполна година, Трифуновиќ изјавил дека за него деца и семејство би биле најголемото животно достигнување и дека се надева дека и нему ќе му се случи брак.

„За мене би значело да имам семејство, сакам деца, меѓутоа, во ова време кога сè се распаѓа, па и институцијата брак, не знам кој од моите пријатели остана сè уште во брак. Доколку досега ми се случеше брак верувам дека и јас би бил разведен досега. Мислам дека за секого семејството е достигнување, мислам, не за секого, туку за мнозинството, некако сè, сè, но деца …“, зборувал актерот во емисијата „Метаморфоза“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergej Trifunović (@whistler_dick)

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....