16:14 - 3 април, 2026

(Видео) Весна Ѓогани плаче бидејќи ѝ завршил одморот од 30.000 евра: Пејачката објави шокантно видео и предизвика хаос на мрежите

Весна Ѓогани, сопруга на Ѓоле Ѓогани, е многу активна на социјалните мрежи, каде што редовно споделува делови од своето секојдневие, рутина, но и своите емоции и мисли.

Со оглед на тоа што двојката ја поминува летната сезона во Црна Гора, и за настапи и за одмор, Весна го користи секој слободен момент за да ужива на море и во времето со своето семејство.

Весна Ѓогани традиционално го поминува летото со својот сопруг Ѓоле и нивните деца во близина на Будва во ексклузивен хотел.

За целосно да се одморат пред претстојните настапи, семејството Ѓоѓани се почестило со дури еден месец одмор, а на интернет може да се види дека едно ноќевање за четиричлено семејство чини речиси 1.000 евра, што значи дека издвоиле цели 30.000 евра само за четворицата.

Овој пат, пејачката се огласи на ТикТок со многу емотивна исповед што предизвика лавина од реакции.

 

@vesnadjogani♬ original sound – DjoganiVesna


Во видеото што го објави, Весна, видливо потресена и расплакана, зборува за тоа колку ѝ е тешко да го заврши одморот и да се раздели со саканите луѓе.

– Зошто никој не зборува за тоа колку сме тажни кога си заминуваме од одморот или кога нашето друштво си заминува? Буквално плачам 40 минути, па и повеќе, а Лалишка ме смирува, значи страшно – рекла Весна низ солзи, предизвикувајќи лавина од коментари.

Меѓутоа, иако многумина се согласиле со пејачката, имало и такви што ја критикувале за овој став, со оглед на тоа што голем број луѓе во Србија не можат да си дозволат летување.

Следбениците остро ја критикувале нејзината изјава.

„Ова е првпат да слушнам некој да плаче кога се враќа од одмор?“, „Малку го претера“, „Нема да одам на одмор за да не бидам тажна потоа“, „Мајко на светот! Дали си реална, жено?!“, се само дел од коментарите под видеото.

 

 

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....