10:44 - 12 ноември, 2026

(Видео) Перверзен одговор: Принцот Вилијам откри кое емоџи најчесто ѝ го испраќа на Кејт

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон неодамна имаа гостинско појавување во емисијата „Going Home“ на „Би-би-си“, каде водителите Џордан Норт и Вик Хоуп им го поставија прашањето: „Кое емоџи најчесто го користите?“.

Одговорот на британскиот престолонаследник, дефинитивно, не беше очекуван.

„Ми рекоа да не одговорам емоџи со модар патлиџан, па ќе изберам нешто друго. Порано најчесто го користев ова емоџи, но морав малку да пораснам, па сега е она емоџи чии очи и уста се горе-долу“, изјави тој, а Кејт се пошегува дека типот на емоџи зависи од тоа во која група на Ватсап е испратено.

Кејт објасни дека ако се работи за семејна група, и двајцата внимаваат какви емотиџи испраќаат. Принцезата од Велс откри дека најчесто го користи емоџито со срце и емоџито кое илустрира плач од смеа.

Дефинитивно, водителите не очекуваа дека идниот крал на Обединетото Кралство ќе открие дека најчесто го користи емоџито со модар патлиџан, кое во поп-културата симболизира машки полов орган.

(Видео) Кејт Мидлтон прекрасна во веќе видена модна комбинација: А овие чевли ѝ се фаворит

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.
Се вчитува....