-1.2 C
Скопје
05:47 - 13 март, 2026

(ВИДЕО) ОСУДЕН ТУРЧИНОТ ПОРАДИ КОЈ ЗАГИНА ШАБАН ШАУЛИЌ: Левент го криеше лицето со книга, додека целото семејство на пејачот беше во судницата!

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ настрада во сообраќајна несреќа во Германија, а тагата за еден од најдобрите вокали на народната музика и „човек кој еднаш се раѓа“, остана засекогаш.

Поминаа скоро три години по сообраќајната несреќа во која недалеку од Билефелд-Германија загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а со тешки повреди се здоби Слободан Стојадиновиќ. Денес во Гитерсло се одржа судењето на Турчинот Алсин Левент кој ја предизвика несреќата.


Судот донесе пресуда со која Алсин е осуден на три години и 3 месеци затвор. На судењето присуствуваше целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана, како и децата Михајло и Санела, како и синот на починатиот Мирсад Кериќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Espreso. rs (@espreso.rs)


Пејачот на народна музика Шабан Шаулиќ загина во страшна сообраќајна несреќа во февруари 2019 година во близина на градот Гитерсло, близу Билефелд, кога Алсин удри во автомобилот во кој  Шаулиќ седел на задно седиште. Тој по настапот во Билефелд отишол во хотел со музичарите да си ги земе работите, а потоа се упатил со автомобил кон аеродромот во Дизелдорф, каде требал да патува за Белград.


Недалеку од градот каде што настапувал, пред нив се случила сообраќајна несреќа и таа делница од патот била затворена. Тие биле принудени да застанат пред местото на несреќата и во тој момент возачот Алсин, кој бил во алкохолизирана состојба и без возачка дозвола, удрил во возилото во кое бил Шабан со музичарите Мирсад Кериќ и Бобан Стојадиновиќ.

Според тогашните неофицијални информации, Шабан од силината на ударот се здобил со тешки телесни повреди и загинал на лице место, додека Мирсад бил тешко повреден и по укажаната помош од лекарите, починал во болница. Со полесни телесни повреди се здобил Бобан Стојадиновиќ кој исто така седел на задното седиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Espreso. rs (@espreso.rs)


Според тамошните медиуми, возачот на патничкото возило кое удрило во автомобилот во кој се возел Шабан возел со брзина поголема од 180 километри на час.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....