8.8 C
Скопје
19:05 - 30 март, 2026

(Видео) „Маратон“: Ана и Алексеј ќе ја претставуваат Македонија на детска Евровизија

Талентираните Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски се годинашните македонски претставници на детската Евровизија, која ќе се одржи на 16. ноември во Мадрид, Шпанија.

Тие ќе ја изведат песната „Маратон“, чии автори се Лазар Цветковски (музика и аранжман) и Магдалена Цветковска (текст).

Видеозаписот е во целосна продукција на Македонската радио-телевизија и е сниман на повеќе локации низ Скопје.

Европскиот радиодифузен сојуз и шпанскиот национален сервис, како домаќин на фестивалот, ветуваат одлична програма.

Како и секоја година, Македонската радио-телевизија ќе врши директен пренос на детската Евровизија.

Да потсетиме, минатата година победи француската претставничка Зои Клозјур со песната „Cœur“, меѓутоа Французите решија да ја отстапат организацијата бидејќи ова беше нивна трета победа во последите четири години. Тие беа земја-домаќин во 2021 и 2023 година.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....