7.8 C
Скопје
22:39 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) КУПИЛ КУЌА ПОЛНА СО ОТПАД, а во неа пронашол богатство вредно 400.000 долари!

Домот на ексцентричната пијанистка што ја затрупувала својата куќа со ѓубре и кутии, ја купил еден сопственик на продавница за антиквитети во Канада за само 10.000 долари поради состојбата во која таа се наоѓала. Но, на големо изненадување, во нејзината внатрешност пронашол многу вредни работи. Кога ја купил куќата полна со прашина, кутии и секаков отпадок, Алекс Арчболд од Канада не можел ниту да претпостави дека го направил потегот на животот.

Имено, Арчболд, кој инаку се занимава со колекционирање антиквитети, го купил домот на покојната наставничка по музика Бети-Џоан Рак. На почетокот се надевал дека во куќата ќе затекне само еден стар клавир.

Арчболд сè што се наоѓало во куќата на мадам Рак го преземал откако таа починала минатиот декември.

Трговецот со антиквитети снимил што сè открил во куќата, проценувајќи дека пронашол работи во вредност од околу 400.000 долари. Иако неколку години ја познавал госпоѓа Рак, никогаш не влегол внатре. Сепак, одлучил да ризикува и ја купил куќата. Меѓутоа, се шокирал кога видел насобрани работи, огромни слоеви прашина и отпад.

– Не знаев дека ексцентричната наставничка по пијано која ја познавав е, всушност, милионерка – рекол Арчболд.

Додека тој и неговиот тим макотрпно „прекопувале“ низ секоја соба, откриле ретки банкноти, вклучувајќи и чист сребрен долар и пари од 1920 година.

– Најимпресивните нешта што ги пронајдовме вклучуваат паричници полни со пари, сребрена плочка од 2,8 килограми и вреќи полни со златни и дијамантски прстени – истакнал тој.

Низ куќата имало кутии од модните брендови „Шанел“, „Барбери“ и „Тифани“, а Арчболд дури и пронашол блескав златен прстен во чевел.

Налетал на мали сребрени плочки, откако една испаднала од купче летоци, па ги проверил сите списанија и книги во куќата.

Орманите на госпоѓа Рак биле полни со дизајнерска облека, од крзнени капути до кроени костими, а спаѓаат во многу барани винтиџ парчиња.

Тука имало и стари записи, соба со перики, прибори за јадење, мебел, книги, чевли, украси и најмалку три машини за шиење.

– Сето ова има потенцијал, имав неверојатна среќа. Ова ми е најдобрата инвестиција во животот – заклучил Арчболд.

Откако ги собрал сите работи, решил дека големиот клавир ќе го задржи за себе.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....