9.8 C
Скопје
14:29 - 31 март, 2026

(Видео) Ќерката на Дино Дворник: Татко ми ми дозволуваше да се дрогирам и да пијам

Хрватската инфлуенсерка Ела Дворник беше гостинка на хуманитарното ток-шоу „Женска приказна“, каде проговори за тоа како е да се биде ќерка на позната личност, каква што беше нејзиниот татко – музичарот Дино Дворник.

Таа вели дека растењето во такви околности ја зајакнало и покрај тоа што имало непријатни ситуации и коментари. Исто така, ќерката на Дино Дворник смета дека на децата треба да им се овозможи приватност и слобода, без разлика на професијата на нивните родители.

„Би сакала да им всадам некои вредности кои, нема да верувате, ми ги всади татко ми. Татко ми ми рече: ‘Дрогирај се, пиј, што сакаш прави, само не пуши цигари’. Единственото нешто што го правам сега е – пушам цигари“, рече таа.

Ела и Дино Дворник / Фото: Фејсбук/Ела Дворник

Инфуенсерката откри и дека отсекогаш мислела дека ќе биде мајка на синови.

„Сега, по две ќерки, не можам да замислам да бидам мајка на момче“, рече таа.

Како потсетувањe, Ела Дворник (32) беше во брак со англискиот бизнисмен Чарлс Пирс (45), со кого годинава се разведе по четири години брачен живот.

Тие имаат две ќерки – шестгодишната Бали и тригодишната Луми.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....