9.8 C
Скопје
20:47 - 4 февруари, 2026

(Видео) Ќерката на Дино Дворник објавува експлицитни фотографии со новиот дечко: „Не беше вака со Британецот!“

Инфлуенсерката Ела Дворник, ќерка на легендарниот пејач Дино Дворник, повторно зрачи со среќа по тежок период исполнет со лични турбуленции и брачен распад.

Иако со поранешниот сопруг оставија впечаток на среќен семеен живот преку објави од новиот дом во Хрватска, љубовта брзо згасна. Ела ги избриша сите фотографии со поранешниот партнер, а следеше напорна битка околу имотот и децата, кои повеќе не ги прикажува јавно.

Откако пред некое време објави мистериозна фотографија со непознат маж што ја навести нивната блискост, сега таа отворено покажа врели, експлицитни кадри со новиот партнер и призна дека е повторно вљубена. Покрај провокативните сцени, му посвети и песна инспирирана од нивната врска.

Не изостанаа ниту реакциите на следбениците:

  • „Колку е убава кога е среќна“,
  • „Вака никогаш не изгледаше со Англичанецот“,
  • „Само да си ти среќна“,
  • „Среќно и нека ти е секогаш така исполнето“

Ела и натаму е во процес на развод од Британецот Чарлс Пирс, а неодамна се пожали дека судската постапка трае подолго од очекуваното.

„Требаше денес да имам рочиште – го одложија поради болест. Новиот термин е дури за шест месеци. Од 2022 одам на рочишта, сега е 2025, ќе биде скоро 2026. Уште немам никакво решение! Ќе го изгубам трпението, па ќе вклучам сè и сите“, напиша гневно на Инстаграм.

Британскиот бизнисмен Чарлс Пирс (54) ја тужи Ела (32) за дел од куќата во Бале, иако таа е единствен сопственик. Како што објавија хрватските медиуми, нејзината фирма е моментално блокирана, но не поради лошо работење, туку како последица од постапките на нејзиниот сопруг.

Од блиски извори до Ела се дознава дека Чарлс, кој имал пристап до фирмените сметки како вработен, наводно незаконски ги префрлил сите средства од деловните сметки на својата лична.

Почетокот на нивната љубовна приказна бил во Лондон, потоа се преселиле во Загреб, се венчале во Лас Вегас и добиле две ќерки. Семејството подоцна се преселило во Истра, во местото Бале, каде купиле куќа и создале свој мал рај – барем на прв поглед.

Слични објави

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Е.А.

„Да ми палат свеќи затоа што им ги спасив браковите!“: Јована Јеремиќ откри детали од приватниот живот

Еспресо

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Еспресо

(Фото) Поранешната љубовница на Кеба се мажи: Фатена во златарница како избира прстен, еве кој е идниот младоженец

Еспресо

(Видео) Ѓани и Слаѓа уживаат на плажа во Дубаи: Она што го направи пејачот ги остави сите без зборови

Еспресо
Се вчитува....