10:45 - 12 ноември, 2026

(Видео) Јелена Карлеуша објави видео со Цеца: Долгогодишните ривалки фатени на исто место, снимката предизвика бура на мрежите

По повеќе од две децении јавни недоразбирања и отворени конфликти, српската пејачка Јелена Карлеуша ги изненади своите следбеници со објава на видео на мрежата Икс (поранешен Твитер), на кое се појавува и нејзината долгогодишна ривалка Светлана Ражнатовиќ – Цеца.

Снимката, која за кратко време стана вирална, ги прикажува двете пејачки како седат блиску една до друга. Додека Цеца се смее и делува опуштено, Карлеуша е видно повлечена и вниманието ѝ е насочено кон телефонот.

Како што е типично за неа, Карлеуша не пропушти прилика да ја искоментира ситуацијата во свој стил. Под видеото напиша: „Гледам нешто смрди, кога таму… мрсно репче и кинески задник“.

Иако нејзиниот коментар веднаш предизвика лавина реакции, останува нејасно како и зошто двете некогашни закрвени ривалки завршија на исто место и седеа толку блиску една до друга.

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....