11.8 C
Скопје
15:00 - 19 март, 2026

(ВИДЕО) Група демонстранти упаднаа на Канскиот филмски фестивал: Со димни бомби и голем транспарент посочија колку жени починале како последица на семејно насилство

75-тото издание на Канскиот филмски фестивал покрај гламурот и славните гости кои зачекорија на црвениот тепих го одбележаа и демонстрации. Фестивалот кој секоја година ги носи најубавите имиња на меѓународната кинематографија на Азурниот брег повторно е во фокусот на вниманието поради новата демонстрација која се случила во неделата.

Група демонстранти облечени во црно се појавија на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал носејќи голем транспарент со имињата на 129 жени кои починале како последица на семејно насилство во Франција од претходниот фестивал во 2021 година, пренесуваат странските медиуми.

Демонстрантите – членови на феминистичкиот колектив познат како „Les colleuses“, исто така запалија црни димни бомби кога застанаа на скалите на црвениот тепих пред „Palais des Festivals“.

Сето ова се случуваше на премиерата на филмот „Holy Spider“, крими трилер во режија на Али Абаси, кој ја раскажува приказната за новинарка која ги истражува тековните убиства на сексуалните работници во Иран. Филмот е заснован на вистинскиот сериски убиец Саид Ханаи, кој признал дека убил 16 жени помеѓу 2000 и 2001 година. Тој беше осуден на смрт на 8 април 2002 година.

Пред само неколку дена гола жена со порака испишана на нејзиното тело  истрча на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во знак на протест против случаи на силувања за кои ги обвинува руските војници во Украина. Демонстрантката ја соблече облеката на црвениот тепих и ја покажа пораката „Престанете да нè силувате“, испишана на нејзиното тело со боите на украинското знаме.

(ВИДЕО) „Престанете да нè силувате“: Гола жена истрча на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал

 

Слични објави

(Видео) „10 кг плус, истрижена кратко и анксиозна“: Поранешната снаа на Кеба за разводот од Игор Којиќ

Еспресо

Бившата на Аца Лукас го прослави 50. роденден: Соња Вуксановиќ изгледа одлично, годините не ѝ можат ништо

Еспресо

Кога Тарабунов готви тоа изгледа вака: Богата вечера со морски специјалитети за саканите

msp-admin

Карлеуша за здравјето на Ѓани и трагедијата на Дарко Лазиќ: „Ова е тежок период за естрадата“

Еспресо

Планирам средба со пријатели два месеци однапред: Сара Мејс откри непознати детали за себеси

Еспресо

Тања Савиќ: Се покајав за естетските корекции, имам проблем со филерите

msp-admin
Се вчитува....