10:44 - 2 април, 2026

(Видео) Ѓоко Таневски ја најде родената сестра по 45 години: „Сега ми е најважна фамилијата“

Македонскиот пејач Ѓоко Таневски неодамна гостуваше во емисијата „Нешто конкретно“, кој е авторски проект на водителката Снеже Велков.

Меѓу другото, пејачот проговори за емотивната ситуација во неговото семејство, односно дека ја пронашол неговата родена сестра по 45 години.

„Ја пронајде сестра ти после многу години…“, го започна разговорот Велков.

„Да, после 45 години. Родена сестра од мајка и татко“, одговори пејачот.

Водителката го праша дали знаел дека таа постои.

„Па, некое време не знаев. Отпосле дознав. Првично не можевме да ја најдеме, па ја најдов. И така, сега живемее како никогаш да не сме биле разделени“, објасни Таневски.

На прашањето што му промени тоа во животот, тој одговори: „Сега дознав дека фамилијата ми е најважна. Дознав колку е важно да имаш некого за кого ќе се бориш. Сега имам уште еден член за кого сакам да се борам. И не само сестра, туку имам и внуци. Не знам, се збогативме…“.

Слични објави

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо
Се вчитува....