23:41 - 6 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) СЕ ОМАЖИ ЌЕРКАТА НА ПОЛ ВОКЕР: Вин Дизел, најдобриот пријател на починатиот актер ја однесе до олтарот

Медоу, 22-годишната ќерка на починатиот актер Пол Вокер на почетокот на месецов се омажи за партнерот Луис Торнтон-Алан, а сега на својот „Инстаграм“ профил објави фотографија од венчавката која разнежни многумина.

На фотографијата може да се види како Вин Дизел, кој беше најдобар пријател на нејзиниот татко, ја води до олтарот. На друга фотографија што ја сподели со следбениците, таа и нејзиниот младоженец позираат насмеани додека гостите им фрлаат ориз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker)

„Конечно венчани“, напиша таа во описот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker)

Медоу изјави за „Вог“ дека коронавирусот ја нарушил организацијата на венчавката.

„Семејството на Луис не можеше да дојде“, рече таа. „Многу блиски пријатели кои ги сметаме за семејство, исто така, не можеа да дојдат поради ограничувањата“.

Свадбената церемонија беше проследена со забава на плажа. „Сите бевме боси, танцувавме во песокот“, откри таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker)

Двојката се вери во август, кога Медоу го покажа свршеничкиот прстен на „Инстаграм“.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....