0.8 C
Скопје
01:28 - 12 март, 2026

(Видео) Драма во загрепски локал: Хрватска музичарка го прекина настапот на Сенида, сите останаа збунети

Неочекуван драматичен момент го одбележа неодамнешниот настап на популарната Сенида во еден загрепски локал, кога музичарката Стела Раде, победничката на шоуто „Твоето лице звучи познато“, одеднаш се појави на сцената среде концертот.

Причината – на нејзината мајка, Лидија Раде, која стоеше во првиот ред, одеднаш ѝ се слошило, а целата ситуација беше фатена на видео кое беше споделено на социјалните мрежи.

Стела, видливо испаничена, се обиде да повика помош и го прекина настапот на Сенида. Според сведоците, на почетокот имало целосен хаос: обезбедувањето помислило дека е обожавател кој се обидува да стигне до пејачката, па затоа реагирале рутински и се упатиле кон Стела за да ја отстранат од сцената.

Но, таа извикала во солзи: „Мојата мајка, помогнете ѝ! Повикајте брза помош“.

Дури тогаш станало јасно дека станува збор за итна ситуација, а Сенида ја запрела песната и директно им наложила на обезбедувањето и персоналот каде што се наоѓа жената: „Слушај ме, таму долу! Веднаш провери!“, рекла Сенида, велејќи ѝ на жената да пие вода.

Публиката останал збунета и во шок кога обезбедувањето и персоналот на клубот брзо реагираа и отидоа кај мајката на Стела.

Откако ситуацијата беше ставена под контрола, Сенида ја смири публиката, им се заблагодари за разбирањето и го продолжи концертот.

Потоа Стела се огласи на Инстаграм и објави видео од себе и нејзината мајка како уживаат во концертот, пишувајќи: „Те сакам, мамо Лидија, тек ќе правиме работи“.

@bararbi Wtf je ovo bilo #senidah #mint ♬ original sound – Bararby

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....