18.8 C
Скопје
14:43 - 11 март, 2026

(Видео) Доналд и Меланија Трамп заиграа на балот, првата дама блесна во моќна креација на Ерве Пјер

Доналд Трамп и официјално стана 47. претседател на Соединетите Американски Држави, а по давањето заклетва следуваше и инаугуративниот бал во конгресениот центар „Волтер Е. Вашингтон“, каде танцуваше со првата дама Меланија Трамп.

Старо-новиот претседател се појави на сцената во црн смокинг и пеперушка, а неговата сопруга блесна во црно-бел фустан со потпис на Ерве Пјер, дизајнерот кој ѝ го направи фустанот и за минатиот инаугуративен бал.

Двојката заигра на американската патриотска песна „Battle Hymn of the Republic“, а потоа се развеселија и со брзата „YMCA“.

„Нема поголема привилегија во животот од тоа да служам како ваш врховен командант. Не еднаш, туку двапати“, рече Трамп пред толпата.

Слични објави

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova
Се вчитува....