02:39 - 10 јануари, 2026

(ВИДЕО) БЕН АФЛЕК ЗБОРУВА ЗА ЛЕКЦИЈАТА ШТО ЈА НАУЧИЛ ОД РОБИН ВИЛИЈАМС: Тој беше ѕвезда, но секогаш љубезен кон сите

Популарниот глумец и партнер на Џенифер Лопез, Бен Афлек, во неодамнешното интервју се присетува на неговиот колега, починатиот Робин Вилијамс.

Почина во 2014 година, но „наследството“ на Робин Вилијамс продолжува да живее во среќниците кои го познаваа и споделија дел од својот живот со него, приватно или професионално.

Меѓу нив е и Бен Афлек (49), кој го вкрстил патот со оскаровецот на снимањето на филмот Добриот Вил Хантинг (1997 година).

Многу успешниот филм ги прослави Мет Дејмон и Бен Афлек лансирајќи ги меѓу  најголемите холивудски ѕвезди и освои Оскар за споредна машка улога на Робин Вилијамс.

За тогаш младиот Афлек, работата со колегата Вилијамс оставила големо влијание на неговата професионална кариера, како и на неговиот личен живот.

Ѕвездата на Tender Bar, за време на видео интервјуто за промоција на филмот, зборуваше за „слатката лекција“ научена додека работел со комичарот.

– Го сакав Робин, отворено изјави Афлек додавајќи дека било чест да се работи со Робин Вилијамс кој во тоа време бил најголема ѕвезда.

– Ако тој беше толку многу љубезен, можам да бидам и јас – продолжува Афлек.
– Тој направи толку многу за нас, верувајќи во нас и учествувајќи во филмот. Беше толку љубовен и соработлив, и тогаш си помислив: добро, ако тој може да биде љубезен, да соработува, да работи, да се грижи за луѓето и да ги слуша, секако можам да бидам и јас.

За Бен Афлек работата со иконата на комедијата било остварување на сонот.

– Тој беше навистина извонреден човек. Љубезен, полн со љубов и за мене токму тоа е неговото наследство – објаснува Афлек додавајќи дека го памети по добрината и хуманоста.

Бен Афлек завршува со објаснување дека сакал да се дружи со него цел живот. Ја немал таа можност, но кога го запознал Афлек бил прилично младо момче. Имал 24 години.

– Тој имаше големо влијание врз мене. Си мислив „ок, значи вака се прави оваа работа“. Имам намера да го поминам целиот мој живот секогаш обидувајќи се да живеам по неговиот пример.

 

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....