5.8 C
Скопје
07:28 - 1 април, 2026

Вељко Ражнатовиќ бегал од полицијата низ прозорец: Соседи од Бечиќи открија детали од минатото!

Пејачката Цеца Ражнатовиќ, покрај недвижностите во Белград и на Кипар, поседува и луксузен стан во Бечиќи, Црна Гора. Се зборува дека семејството таму редовно ги минува летните одмори, но последниве години, велат соседите, ретко ги гледаат.

Еден од соседите за „Курир“ се присетил на времето кога децата на Цеца, Вељко и Анастасија, често престојувале во населбата.

„Мојата тераса гледа директно во нивната. Порано ги гледав често, а во последно време не. Лани видовме паркиран црн џип и претпоставивме дека Цеца е тука. Кога беа помали, често доаѓаа, правеа забави и се слушаше музика, но тоа беше нормално – млади беа. Денес се смирени луѓе со свои семејства“, раскажал соговорникот.

Соседот открил и анегдота од нивното детство: „Еднаш дојде полицијата, а Вељко излезе низ прозорецот и се спушти по олукот за да им побегне. Тој, онака жилав и слаб, лесно се снајде. Гледав од мојата тераса и ми беше смешно“.

По појавата на овие сведоштва во медиумите, Вељко Ражнатовиќ се огласи на својот Инстаграм профил, негирајќи одредени написи и барајќи од јавноста да не верува во шпекулации.

„Луѓе, ве молам да не верувате во глупости. Испаѓам најголем будала кој дава изјави за сè. Прво велите дека се разведувам, па дека ме тепал некој… Боже ме сочувај. Не памтам кога сум бил во Цирих. Тоа се лаги и будалаштини. Ве молам, не верувајте во такви работи“, порача Вељко.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....