17:53 - 13 ноември, 2026

И во седмата деценија од животот, на Дорис Драговиќ не ѝ недостасува енергија: Сами одлучуваме во која насока ќе оди нашиот живот

Дорис Драговиќ е една од најценетите и најомилени пејачки во регионот, која е присутна на сцената повеќе од четири децении. И ова лето го поминува работно, споделувајќи емоции и радост со своите обожаватели на секогаш добро посетените концерти. По 16 години, наскоро ќе биде објавен новиот албум на харизматичната дива. Таа зборуваше за него и за некои делови од нејзиниот приватен живот, пренесе Tportal.hr.

Новиот албум на Дорис Драговиќ го потпишува Иван Хуљиќ, а познатата сплиќанка признава дека „малку се двоумеле“ и дека „летото не е баш погодно за презентација на нов материјал“ и дека со првите малку „помирни“ денови и тоа ќе дојде на ред.

Таа е во својата седма деценија од животот, но не ѝ недостасува енергија. Смета дека тоа е „Божја волја и дека ќе работи сè додека има смисла“. Благодарна е, вели, за секој ден, за секоја година. Нејзината најголема поддршка е нејзиниот сопруг Марио Будимир, поранешен легендарен капитен на ватерполо клубот Јадран, со кого е во брак повеќе од 35 години и го имаат синот Борна.

„Она што мора да го знаеме и што е дефинитивно е дека ние самите одлучуваме за сè. И ако не ни изгледа така, и ако понекогаш ни е лесно да кажеме „тој е виновен, таа е виновна, не сум јас“, ние сме сами во тоа. Одлуките се наши, ние одлучуваме во која насока ќе оди нашиот живот, колку цврсто ќе ги држиме јажињата кога ќе стане тешко. Тоа е наша волја, наш избор“, изјави таа за In Magazin.

Слични објави

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.
Се вчитува....